Цивил: Две лица внеле ќеса во избирачко место пред почетокот на гласањето во Сарај

Од:

Избирачко место 2433 кое се наоѓа во основното училиште „Дитурија“, во општина Сарај, се отвори во 8:30 минути, отакако дојдоа две возила, а лицата кои излегоа од возилата не носеа никакви легитимации и беџеви, пришто во избирачкото место внесоа една ќеса во која не можеше да се види што има. Вратата беше заклучена и немаше можност воопшто да се влезе, ниту што било да се праша, соопштува набљудувачката на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Вратата од ИМ 2433 се отвори по неколку минути откако си заминаа лицата кои го донесоа ќесето и дури тогаш започна гласањето.

Од спротивната страна на улицата од местото како што се гласа, се наоѓа штаб на една партија.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он

Ковачевски: Со отворањето на новата Поликлиника, жителите на Сарај за прв пат добиваат примарна здравствена заштита, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет

Најден запален автомобил во Сарај, МВР и Обвинителството проверуваат дали го возел пукачот од Ист Гејт

Александар Тодески

Голема роденденска тепачка во Сарај: Се истепаа 13 роднини, се удираа со тврди предмети

Дел од Сарај е без струја, жителите на Грчец влегле во системот на ЕВН и направиле хаварија