Две години се истражува како избега Груевски, кој тврдеше дека ќе оди на робија за Македонија

Од:

Од видео материјал со големина од 10 терабајти кој го анализира Министерството за внатрешни работи, и по две години се утврдува како избега осудениот Никола Груевски, кој сега е азилант во Унгарија. Обвинителството тврди дека во континуитет постапува за да се утврди начинот на бегството, како и лицата кои евентуално му помогнале да го организира чинот. Освен тоа, одземени се и листинзи од мобилни оператори за повеќе телефонски броеви од кои во периодот на бегство се контактирало со Груевски.

„Во изминатиот период обвинителството презеде низа дејствија во насока на утврдување на начинот на кој осуденикот избегал, како и утврдување на траги и лица што евентуално би го откриле идентитетот на одговорните за организирање и помагање на бегството. Во врска со кривично-правниот настан обвинителството до сега издаде низа наредби меѓу кои и за одземање на снимки од видео надзор од повеќе локации при што целокупниот прибран видео материјал со големина од околу 10 терабајти што беше доставен за анализа до Министерството за внатрешни работи. Исто така беа издадени наредби за листинзи на повеќе телефонски броеви од лица кои во критичниот период комуницирале или постоело сомневање дека комуницираат со осуденикот. Воедно, преку меѓународна правна помош беа преземени дејствија со државите за кои постоеше сомневање дека осуденикот ги искористил нивните државни граници за бегство“, велат од Обвинителството за „А1он“.

За утврдување на евентуални пропусти, Обвинителството тврди дека се сослушани голем дел на лица меѓу кои и обезбедувачите на Груевски. Но, дали е утврдена одговорност и дали има осомничени, не кажуваат.

Груевски избега од Македонија откако не успеа да го одложи заминувањето во затвор, каде требаше да ја опслужи двегодишната казна за набавката на скапиот „мерцедес“. Тој се огласи од Будимпешта, каде потоа доби азил. Неколкупати беше уловен од камерите – во ресторан, во судница, на забава во Унгарија. Пред да ја напушти Македонија, тој убедуваше дека ќе одговара за сите и подготвен е да оди на робија за Македонија.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Европски Сојуз за Промена го прашува Ахмети: Колку години затвор му простувате на Груевски со измените на Кривичниот законик

Ковачевски го повика Груевски да се врати за да се соочи со првадата