Денеска се навршуваат две години од трагедијата кај Смиљковското езеро. Петмина скопјани, на Велики четврток во 2012-та беа ликвидирани додека ловеа риба крај езерото.
Во овој грозоморен настан кој ја вознемири целата држава, настрадаа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпоковски, како и 45-годшниот Борче Стевковски од село Црешево.
Две години по петкратното убиство, судскиот процес „Монструм“, во кој беа обвинети шест лица за тероризам, во второто продолжение се уште се одвива, а двајца од обвинетите се на Косово во притвор за друго дело.