Две деца загинаа во пожар во Шуто Оризари

Од:

Две деца загинаа во пожар што се случи попладнево во скопската населба Шуто Оризари. Момчето и девојчето на возраст од 3 и 1,5 година, според првичните информации, биле поклопени од покривот на импровизираната куќа во којашто живееле и починале пред да стигнат скопските пожарникари.

Пожарот, како што информираат од од Противпожарната единица, бил пријавен околу 13.25 часот на улицата „Брсјачка буна“, во близина на пазарот во Шуто Оризари.

Станува збор за дел од населбата каде има повеќе импровизирани куќарки, кои се залепени една до друга, во тешко пристапен терен. Според пожарникарите, интервенцијата била отежната и поради тоа што до куќарката немало асфалтиран пат.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование