Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Р.А.(45) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“.

Како што информираат од МВР, пријавениот, како вработен во Министерство за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на Д.Б. и Н.А.А., при што со своето постапување директно ја нарушил законитоста на управната постапка и овозможил стекнување на државен имот без правен основ.

Во предметите е утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, односно решенијата се издадени на лица различни од заведени во службените книги. Воедно, предметите не биле правилно евидентирани, содржеле контрадикторни податоци, а дел од документацијата не била достапна со што се создава сомнение за нејзино прикривање или уништување. Во решенијата се наведени непостоечки записници, внесувани се невистинити податоци, а не е известено ниту државното правобранителство, што е задолжително.

Притоа, со ваквото постапување е нарушена законитоста на управната постапка и овозможено е противправно стекнување на државен имот.

Би можело да ве интересира

Загина 67-годишен охриѓанец во несреќа со мотор

Катерина Ѓуровски

Полицијата го пронајде беживотното тело на исчезнатиот скопјанец во водите на Охридското Езеро

Уапсен дилер баран со потерница, две години бил во бегство

Катерина Ѓуровски

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски