Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Од:

Девет лица, меѓу кои и четири деца, се хоспитализирани синоќа во Окружната болница во романскиот град Констанца на Црното Море откога пожар зафати станбена зграда во населбата Анри Коанда.

64-годишен маж е во критична состојба со речиси 80 проценти изгореници на телото, соопшти Окружниот инспекторат на Констанца. Друг 58-годишен маж има изгореници на речиси шест проценти од телото.

Шест лица, меѓу кои и една жена, имаат изгореници на рацете и вдишале чад. Тие примиле кислородна терапија, а три од нив одбиле хоспитализација.

Четири деца, на возраст меѓу 10 и 17 години, вдишале чад и се хоспитализирани на набљудување.

Градското собрание на Констанца објави дека вкупно 157 лица се евакуирани поради пожарот во станбената зграда.

На местото на настанот испратени се многубројни екипи од Противпожарната служба, Мобилната служба за итни случаи и Инспекторатот за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација