Две деца повредени – се возеле на тротинет кога во нив удрил автомобил

Од:

Две деца се повредени во сообраќајна несреќа во Прилеп. Децата, двајцата малолетници од село Црнилиште се возеле на тротинет кога во нив удрил автомобил. Едното дете се здобило со тешки телесни повреди, додека неговиот малолетен сопатник минал со полесни повреди.

„ На 02.05.2024 во 11.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(48) од с.Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од с.Црнилиште, прилепско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп. “ се вели во соопштението на МВР.

На местото бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Тешко повреден 59-годишен возач на тротинет – го покосил автомобил

А1он

(ВИДЕО) Ниту трага ниту глас од тротинетите во МНР: Османи ја заборави зелената агенда на ДУИ

A1on