Кличко: Најголем број повредени деца во една ноќ во Киев

Од:

Девет деца се повредени за време на ноќниот напад врз Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Според него, овој број повредени деца во една ноќ е рекорд од почетокот на инвазијата.

Кличко објави и видео од местото на трагедијата во областа Соломјански во главниот град. Како резултат на гранатирањето, една станбена зграда таму претрпе значителна штета, а двајца цивили беа убиени.

„Има жртви меѓу населението во областа Соломјански. Една од куќите е значително оштетена како резултат на непријателскиот напад“, рече Кличко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир