Двајца браќа од тетовското село Мерово на 25 и 24 години се здобиле со смртни повреди од огнено оружје по оружениот инцидент што утрово околу 7 часот се случил во месноста Јабланица во атарот на село Мерово, покрај патот за Седларево, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Едниот од браќата починал на самото место, додека вториот на пат кон тетовската клиничка болница.
Други две лица кои учествувале во оружениот инцидент исто така со повреди од огнено оружје по укажаната помош во тетовската клиничка болница биле упатени на Скопските клиники.
Во тек е увидот во кој учествува јавен обвинител и екипа на СВР Тетово околу утврдување на причините и се друго поврзано со случајот.