На скопскиот булевар „Трета македонска бригада“ синоќа околу 19 часот во близина на автобуската постојка се степале ученици од средното хемиско „Марија Кири-Склодовска” и државно училиште за железнички и ПТТ сообраќај „Владо Тасевски“.
Во тепачката се повредени В.К. 16-годишен ученик и Р.К 17-годишна ученичка, и двајцата од Скопје.
Како што потврдуваат од МВР, двajca 16-годишни ученици се повикани на разговор, а идентификувани се неколку лица кои учествувале во тепачката.
Како што појаснуваат од МВР, две поголеми групи учесници од двете средни училишта кои влегувале и излегувале од автобусот почнале да фрлаат камења и тврди предмети едни кон други, по што за кратко сообраќајот бил стопиран.
Полицијата работи на расчистување на случајот.