Двајца осомничени за недозволено поседување пиштоли и муниција

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Првиот осомничен, 26-годишник од селото Ласкарци, на 20 јули на булеварот “Илинден“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје пиштол марка EKOL Tiger за светлосна-звучна сигнализација, на кој била извршена дополнителна механичка интервенција, монтирање и поставување метална жлебна цевка. Со тоа пиштолот бил прилагоден во огнено оружје – полуавтоматски пиштол, во кој имало 5 куршуми со калибар од 6,35 мм. Оружјето и муницијата биле пронајдени во касетата на предното совозачко седиште од автомобилот со кој управувал осомничениот.

Во исто време, на истата локација бил сопрен уште еден автомобил во кој како совозач бил вториот осомничен на возраст од 32 години, исто така од селото Ласкарци. Кај него бил пронајден пиштол марка TOKAREV Tokagypt 58 со една рамка со седум куршуми.

Двајцата осомничени беа испитани од надлежниот јавен обвинител, при што го признаа делото, велат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено кај определени службени лица и привремено да им бидат одземени патните исправи – пасоши.​

Би можело да ве интересира

Трамп условува воена помош: Повеќе инвестиции во одбраната за пристап до американско оружје

Спречен крвав план: Најдени се пиштоли и автоматскa пушкa кај група која планираше одмазда за осудени терористи

Горан Наумовски

„Нова ера“ на затворскиот криминал: Специјализирани банди со дронови доставуваат дрога и оружје

Извештај на „Булевар Волтер“: Исчезнува оружје од западните пратки за Украина

(ВИДЕО) Венецуелската војска ги вооружува цивилите во работничките населби

Полицијата пронајде оружје и муниција кај американски државјанин со потекло од Нигерија