Двајца напаѓачи тепале возач на камион од Србија

Од:

Две лица вчера попладне на автопатот Скопје-Тетово физички нападнале возач на камион од Србија, соопшти МВР.

„На 08.04.2021 во 16.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред наплатна рампа „Глумово“, две лица кои биле со патничко возило „мерцедес“, физички го нападнале М.С.(50) од Р.Србија, кој управувал товарно возило „ман“, со српски национални ознаки, а потоа со метален предмет го оштетиле стаклото на неговото возило,“ се вели во полициското соопштение.

За настанот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал