Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Од:

Тетовската полиција денеска информираше дека по пукањето во неделата, вчера приведени се четири лица од кои две се малолетници и две женски лица на 19 и 41 година.

Полицајците направиле и претрес пред приведувањето при што се најдени и предмети од интерес на истрагата.

– На 11.8.2025 во периодот од 12:50 до 15 часот во с. Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.8.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с. Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата. При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с. Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката, соопшти СВР Тетово.

Во неделата по престрелката помеѓу двете групи во населбата Блок 82 во Тетово беше еден убиен. Освен тоа двајца мажи на возраст од 32 и 37 години беа ранети во градите, девојче на 12 години беше рането во натколеница, а случаен минувач удрен со возило по што му е скршена ногата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он