Двајца Македонци осомничени за брутално убиство во Белгија

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи презедоа повеќе комплексни истражни дејствија по барање на белгиските истражни органи, вклучувајќи и два претреси во Скопје со цел обезбедување докази за убиство од користољубие извршено во Белгија информираат од Јавното обвинителство.

Белгиското обвинителство води постапка за убиство извршено во Остендe, Белгија, откако на 21 март било пронајдено безживотно тело на жена фрлено во близина на граничниот појас меѓу Белгија и Холандија.

Во досегашната постапка на белгиските истражни органи обезбедени се докази за инволвираност на двајца македонски државјани во овој настан, од кои едниот веќе се наоѓа во притвор во Белгија и очекува судење.

– Како дел од истрагата за вклученост на вториот македонски државјанин, белгискиот истражен судија побара од Основното јавно обвинителство Скопје да преземе повеќе истражни дејствија. Врз основа на обезбедени наредби од Основниот кривичен суд Скопје, беа извршени и претреси на две локации во Скопје. Јавен обвинител и истражниот центар на скопското обвинителство, како и повеќемина припадници на Министерството за внатрешни работи ги реализираа сите активности согласно барањето за меѓународна правна помош, се вели во соопштението од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство