Двајца гостиварци и се заканувале на извршителка

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против двајца браќа од селото Добри Дол, општина Врапчиште кои се товарат дека сториле кривично дело загрозување на сигурноста.

Обвинетите, на возраст од 48 и 47 години, на 18 март ја загрозиле сигурноста на службено лице во вршење на службата, упатувајќи сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на извршителка од Гостивар.

Тие дошле во службените простории на оштетената, која како службено лице презела извршни дејствија во предмет во кој двајцата се јавувале како должници.

Откако им појаснила за што станува збор во предметот, тие започнале да и се закануваат дека не смее да им земе ниту еден денар или во спротивно ќе ја убијат. Извршителката настанот го пријавила во полиција.​​

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица