Во полицискиот билтен се евидентирани два случаи на работници кои биле тешко повредени извршувајќи работни задачи.
Се работи за еден работник од Скопје и еден од кумановско.
На 09.02.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Д.(55) од с.Доброшане-кумановско, кој, според пријавеното, додека изведувал градежни работи во објект во изградба на подрачјето на Центар паднал од висина, по што се здобил со тешки телесни повреди. Известен е трудов инспектор за расчистување на случајот.
На 09.02.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен З.Ј.(54) од Скопје кому, според пријавеното, додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Петровец, му се слошило и паднал, по што се здобил со тешки телесни повреди. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор за расчистување на случајот.