Градежник загинал работејќи на објект на булеварот „Борис Трајковски“

Од:

Четириесетгодишник од селото Шишево, скопско, бил донесен со повреди на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што починал.

Од МВР информираат дека тој се повредил извршувајќи градежни работи на објект во изградба на булеварот „Борис Трајковски“. Неколку часа откако бил примен во болницата, од страна на лекар била констатирана смрт.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за вештачење на Институтот за судска медицина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Три лица загинаа во тешка поморска несреќа кај Сплит, по едно лице сè уште се трага

A1on

(ФОТО) Слета во бездна длабока 150 метри, па сам излезе од смачканиот автомобил

А1он

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он

(ВИДЕО) Трамвај во Лисабон излета од шините, најмалку 15 мртви

А1он

Автомобил влета во група луѓе во Штутгарт

А1он