Два нови случаја со мали сипаници во Скопје

Од:

Два нови случаја со мали сипаници денеска се лабораториски потврдени. Станува збор за 18-месечно дете од општина Чаир и за четиригодишно дете од општина Аеродром кои биле невакцинирани. Тие се пренесени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека со овие два случаи вкупниот број на заболени со морбили изнесува 19. Од заболените, 11 биле пренесени на Клиниката за инфективни болести, од кои четири се пуштени на домашно лекување. Потенцира дека за едно лице на возраст од 30 години кое е вакцинирано со една доза вакцина и за уште едно лице на возраст од 28 години кое има непознат вакцинален статус се чека повреда од крвните анализи.

-Досега се вакцинирани 1.300 деца, рече Филипче и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата за да се спречи епидемијата на морбили.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов