Два месеци нема одлука дали Цаца-Биљановска ќе биде гонета, Обвинителството и натаму собира докази

Од:

Нема одлука дали разрешената директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца- Биљановска ќе биде кривично гонета бидејќи не ги почитувала препораките на Владата за самоизолација по нејзиното враќање од Италија, по што одела на работа и држела семинар. Обвинителството и по два месеци од поднесената пријава прибира докази дека Цаца-Биљановска сторила кривично дело. За непочитување на мерката самоизолација, досега беа казнети многумина граѓани, кои иако биле предупредени дека треба да останат дома, тие шетале и си ги вршеле работните обврски.

Поради непостапувањето на Цаца-Биљановска според препораките од здравствените власти, шестмина вработени на Клиниката за кожни болести кои имале контакт со неа беа позитивни на коронавирусот, а претходно, 200 лица кои учествувале на семинарот каде била присутна и таа, беа во изолација.

Од Обвинителството не одговорија зошто постапката против Цаца-Биљановска тече бавно, ниту пак, за кое дело се сомничи.

„Се прибираат докази во предистражна постапка. По обезбедување на сите побарани материјални докази, ќе следи јавнообвинителска одлука“, велат кратко од Обвинителството.

Поради непостапување според прописите на здравствените власти, а по членот 206 од Кривичниот законик, Обвинителството досега побара низа казни за граѓани. За повеќето, поради непочитување на самоизолацијата што требало да ја спроведат по враќање од странство, а за што биле предупредени на граничниот премин, сега граѓаните плаќаат казни од по 2000 евра.

На Цаца-Биљановска коронавирусот ѝ беше дијагностициран на 8 март, а на 9 март во изолација беа ставени сите луѓе со кои била во контакт. Таа по скијањето во Италија, една недела одела на работа, непочитувајќи го апелот за самоизолација од 14 дена по пристигнувањето од ризичен регион.

Претходно, од Обвинителството објаснуваа дека не можат да оформат предмет за одговорноста на директорката бидејќи не беше извесно дали е заразено некое од лицата кои беа се во изолација.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски