ВИДЕО: Директорката со коронавирус ќе биде разрешена, 200 лица во изолација поради контакт со неа

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека скоро 191 лице ќе бидат во домашна изолација, поради тоа што во изминатиот период имале контакт со директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, која позитивна на коронавирусот, по нејзиниот престој во Италија.

Тој рече дека на сите вработени, пациенти, како и гости на конференцијата кои контактирале со директорка им е кажано дека ќе бидат во 14-дневна домашна изолација, а Клиниката за кожни болести во наредниве две недели нема да работи.

„По сместувањето на пациентката, уште двајца членови на нејзиното семејство се во домашна изолација. Интервјуирани се сите вработени и со решение на ДЗИ сите ќе одат во 14 дневна домашна изолација. Тоа се 64 вработени, потоа 11 пациенти кои биле хоспитализирани и можат да се лекуваат дома, како и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница, односно доаѓале да примаат терапија. Иако сите се со различен степен на ризик, од мал, среден и висок, според интензитетот на контактирање со заболената докторка, сметаме дека треба да се преземе оваа мерка, за апсолутно сите“, посочи Филипче.

Министерот за здравство ја потврди информацијата дека во текот на викендот директорката Нина Цаца Биљановска присуствувала на конференција, каде имало вкупно 103 учесници. Меѓу нив имало и три лица од Грција, а веќе е исконтактиран и грчкиот министер за здравство и е запознаен со ситуацијата.

„Во текот на викендот се одржала и конференција каде што присуствувале вкупно 103 лица. Дел од нив вработени на Клиниката. Сите тие се телефонски исконтактирани. За дел од нив има и интервју со епидемиолозите и за сите нив е дадена мерка домашна изолација. Салата каде се одржувала конференцијата е целосно исчистена и дезинфицирана согласно прописите. Истото е случај и со Клиниката“, додаде Филипче.

Поради предизборниот период, директорката Цаца Биљановска ќе продолжи да раководи со Клиниката за дерматологија, но министерот Филипче рече дека при прва можност таа ќе биде разрешена.

„Ова со што се соочивме денеска е нешто што навистина многу не разочара. Ќе се преземат мерки против директорката. Сега е предизборен период, не може формално правно да се вршат разрешувања и именувања, но во првата следна можност, таа ќе биде разрешена од функцијата. Во овој момент, со оглед дека целата клиника ќе биде практично затворена во 14 дена е ирелеватно. Одговорност ќе има за секој што нема да се придржува до пропишаните мерки“, рече Филипче.

 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски