Филипче: Уште еден заразен од коронавирусот од Кожната клиника

Од:

Уште еден нов пациент, дел од персоналот на Клиниката за демартологија во Скопје е позитивен на коронавирусот, по направените тестови во изминатите 24 часа. Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица кои се вработени на Кожната клиника.

Ова следува откако ексдиректорката на болницата Нина Цаца Билјановска се врати од Италија и не се изолираше согласно препораките, туку одеше на работа. Подоцна, нејзиниот тест за коронавирус беше позитивен, а во меѓувреме таа беше и на конференција на која учествуваа стотина дерматолози.

„Регистрирани се 24 случаи на коронавирусот. Има уште еден пациент поврзан со кожната клиника во Скопје. Вкупната бројка до 12 часот е 201 лице“, соопшти Филипче.

Од скопската Инфективна клиника е отпуштен уште еден пациент, чии два контролни тестови се негативни.

„На Клиниката за инфективни болести испишан е еден пациент од Дебар, во добра општа состојба со два негативни последователни теста“, рече Филипче.

Министерот информриаше дека е стабилна состојбата на пациентите до Штип.

„Добра е состојбата во Штип, малото девојче, мајката и бабата се во стабилна состојба“, посочи Филипче.

Во текот на идната недела спроед скринингот во одредени градови ќе се тестираат пошироки групи на лица кои патувале во земји во кои има ризик или биле во контакт со заболено лице.

„Уште пошироки групи ќе се тестираат во текот на идната недела, се спремаат мобилните екипи“, кажа Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска