Два авиони удриле во јато птици на „Александар Велики“

Од:

Јато птици удриле во два авиони и го попречиле движењето на два авиони во текот на вчерашниот ден.

Воздухопловот на „Визер“ чија  релација била  Лондон – Скопје при слетувањето на Аеродромот Александар Велики удрил во јато птици.

Авионот превезувал 131 патник.

Во 17,45 часот, исто така вчера,  воздухоплов кој полетал за Дизелдорф со 179 патници, при полетувањето удрил во јато птици, и по поминат одреден период во воздух, капетанот на воздухопловот одлучил да се врати на Аеродромот „Александар Велики“.

По извршените контроли, авионите полетале за Лондон и Дизелдорф во 22.00 и 23.00 часот.

Би можело да ве интересира

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

(ВИДЕО) Авиони не можат да слетаат во Истанбул поради силна бура

Горан Наумовски

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

Предраг Петровиќ

ЕУ: Нема недостиг на гориво за авионите, но поради високите цени се откажуваат некои рути

Ирански борбен авион од времето на Виетнамската војна ја проби американската одбрана во Кувајт

Нов удар за патниците: Поскапуваат авионските карти