Дузина наставници ноќеска спиеја со студентите на Техничкиот факултет во Битола

Од:

Не за екстерното оценување, не за студирање со ограничување. Ова се само дел од дискусиите на кои синоќа до доцна во ноќта дискутирале студентите и претставници на наставничкиот пленум од Битола во автономната зона на Техничкиот факултет.

Повеќе наставници преноќија на Техничкиот факултет во Битола заедно со студентите, кои веќе една недела се во автономната зона.

– Се собравме наставници од повеќе основни и средни училиште во Битола, сакаме јавно да им дадеме поддршка на студентите за сè што бараат, но, во исто време, и ние како професосри и родители да го споделиме студот со нив. Синоќа студентите се покажаа како добри домаќини и до доцна во ноќта дискутиравме за сè она што ги засега нив, а и нас – вели еден од наставниците што синоќа преноќи во автономната зона на Техничкиот факултет.

Наставнички пленум од Битола својата прва работна средба ја одржа во слободната студентска зона на Техничкиот факултет, за, како што рекоа, да ја поддржат нивната праведна, легитимна и над сè света борба за студирање без ограничувања, без небулозниот Закон за високото образование што го предлага МОН.

Студентите, пак, велат дека од наставниците добиле конструктивни предлози и анализи за законот за високо образование.

– Со наставниците договориме некои заеднички акти за законот за високо образование. Ако децата кои учат 12 години, основно и средно образование се осакатени од образование, ниту еден закон за високо образование нема да помогне понатаму. Значи, требаат промени од самиот почеток. Тука ги слушнавме предлозите на наставниците и си ветивме заедничка поддршка – вели Ѓорги Пулевски, од судентскиот пленум во Битола.

Според Пулевски, студентите од Битола во наредните денови ќе добијат поддршка од професори од скопските факултети, бидејќи досега не добиле значајна поддршка од овдешните професори. Окупацијата продолжува, велат студентите.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ