Дураку: Не исклучуваме никого, но со ДУИ во влада ќе биде многу тешко

Од:

Ние не исклучуваме никого, но исто така сме кажале дека со ДУИ во влада ќе биде многу тешко, можеби неизводливо. Сепак, ќе оставиме на политичките лидери. Знаете какви се бројките и можностите, има многу варијанти, изјави Шефик Дураку, портпарол на Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на денешната прес-конфернеција во Централниот штаб, прашан дали ќе седнат на иста маса за влада со ДУИ.

Прашан за тоа дали разговараат со некои партии за можно коалицирање, Дураку нагласи дека и како коалиција, но и поединечно политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива отсекогаш редовно комуницирале со сите политички партии – и од албанскиот, и од македонскиот блок.

– Тие контакти продолжуваат. Нема нешто ново. По официјалните резултати што ги објави ДИК, сигурно сега следува периодот кога треба да почнат разговорите за формирање на владата. Нема нешто конкретно, нема нешто ново. Чекаме претседателот на државата да го додели мандатот и после е право на мандатарот со кого ќе разговара и со кого ќе состави влада, изјави Дураку.

Посочи дека за нив сега е многу поважен Маршот за демократија кој го најавија за утре.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата