Дураки до Заев: Поднесувам оставка, моето раководење ќе остави траен белег

Од:

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање бидејќи е предложен за министер во новотo министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во оставката упатенa до премиерот Заев, Дураки вели дека во време на неговото раководење со министерството за животна средина биле спроведени многу проекти кои ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.

„Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап. Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина.“, се наведува во писмената оставка на Дураки.

Тој додава дека министерството располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.

На крајот Дураки вели дека ќе му биде чест и задоволство да биде дел од новото министерство, каде што несебично ќе придонесе за успешно чекорење на државата кон Европските интеграции.

Би можело да ве интересира

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

Орце Костов

Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Орце Костов