Дураки: Бараме современи технолошки решенија за решавање на проблемот со отпадот

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со Патрик Мартенс директор на делегацијата на Германско-Македонска Стопанска Комора со цел да се разгледаат можните правци на соработка во областа управување со отпад.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање наведуваат дека имајќи ја предвид сегашната ситуација во Република Македонија во однос на несоодветното управување со комуналниот отпад на општинско ниво и напорите на Владата на РМ за изнаоѓање краткорочни и долгорочни решенија за надминување на овој проблем, Министерството за животна средина и просторно планирање преку Германската амбасада во Македонија иницираше состанок со претставници на реномирани компании од Германија кои работат со современи технологии за постапување со отпад.

Како една од можностите за управување со отпад на краток рок е разгледувана опцијата за балирање на отпадот. Тоа е технологија за која експертите сметаат дека може да го реши проблемот со комуналниот отпад на краток рок се до изнаоѓање на долгорочни решенија, при што нема да се предизвикаат ниту најмали штетни последици по здравјето на луѓето и животната средина.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари