„ДУНА“: Апликацијата за изборниот процес функционира нормално, сајтот на ДИК беше хакиран

Од:

Апликацијата поврзана со изборниот процес функционира најнормално, но страницата на Државната изборна комисија беше цел на хакерски напад, информираа денеска од компанијата „ДУНА“.

– „Апликацијата на ДУНА поврзана со изборниот процес на предвремените парламентарни избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт. Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на Државната Изборна Комисија, каде беше поставена нашата апликација, беше цел на хакерски напад. Ние успешно ја завршивме работата. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно, вели Александар Пајковски од „ДУНА“.

Пајковски посочува дека апликацијата е подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

– Нашата апликација е беспрекорна, но интернет страницата беше атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави, посочува Пајковски.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања