Дума: Една секунда невнимание е доволна за трагедија

Од:

Една секунда невнимание е доволна за трагедија, вели проф. д-р Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина. Анализирајќи ги причините за се почестите сообраќајни незгоди во Македонија, професорот, освен на злоупотребата на алкохолот, укажува и на зголеменото користење дроги, посебно меѓу младите.

– Проблемот не е толку во алкохолот, колку што е во психотропните супстанции. Тука треба сериозно да се дејствува, истакнува Дума.

Како што посочува, навечер во Скопје се дивее по улиците, а се почесто жртви се младите луѓе.

– Жално е кога на обдукција ќе биде донесен млад човек кој го загубил животот за само една секунда невнимание. Сите тие млади луѓе, се почести жрвти во сообраќајките, загинале заради невнимание, заради злоупотреба на моќта на возилото, препотентниот однос, а резултатот е низа семејни трагедии кои оставаат тешки последици, нагласува Дума, додавајќи дека не е мал бројот и на невините жртви кои настрадале поради туѓата неодговорност.

Професорот порачува дека културата во возењето е култура на живеењето.
Институтот за судска медицина ја подржува кампањата за безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот, но сепак има дополнителни илјада трупи во Косово

А1он

(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Александар Тодески

Османи ги заборавил другите дијалекти на македонскиот јазик поради ограничувањата со форматот во едностраната изјава

A1on