Дулиќ: Ако паднеше една камера, ќе имаше жртва

Од:

Во вечерашнава емисија „Јади Бурек“ пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева кажа дека новинарите биле отсранети од галеријата зашто имало можност опозицијата од таму да фрла со чаши и предмети по пратениците од власта.

„Имаше отпор од новинарите како што имаше отпор од пратениците. Беше срамно тоа што гледам и долу и горе, но проценка било дека во таква атмосфера треба да се тргнат пратеници, а тие не сакаа да го послушаат обебзедувањето“

Пратеничката на Социјалистичката партија, Владанка Авировиќ кажа дека во услови на вака покачен адреналин, кога се кршеа чаши новинарите биле замолени да ја напупштат галеријата зашто пратениците на СДСМ се качувле горе и давале инструкции на некои од нив.

„За сето време ние од мнозинството бевме на своите места, многу луѓе се директно под галеријата, вие знаете дека има новинари вакви и такви, човечки е да се определиш. Значи само една камера да паднеше од горе, ќе имаше жртва.
Проценката е на службите, тие процениле дека е опасно да има луѓе, посебно што имаше апарати и камери“, рече Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците