ДУИ за одлуката на Уставниот суд: Албанските претставници во оваа влада, наместо да протестираат, тие молчат

Од:

Демократската унија за интеграција остро ја осудува политичката и антиуставна одлука на Уставниот суд со која ѝ се забранува на Исламската верска заедница да организира средно образование, право кое го има од 1984-та, со што им се ускратува на илјадници млади правото на образование и изградба на иднината според нивните уверувања и идентитет, се вели во реакцијата од ДУИ.

„Оваа одлука претставува директен напад врз верската слобода, врз достоинството на муслиманската заедница и врз едно право што беше добиено како исправка на историска неправда за време на претходна влада.

Ова не е само правно прашање – ова е битка за колективното достоинство. Но, она што е уште потешко од самата одлука е срамната тишина на албанските претставници во оваа влада. Наместо да протестираат – тие молчат. Наместо да поднесат оставка – тие се правдаат. Наместо да ги штитат граѓаните – тие ги штитат фотелјите и наредбодавците. Тие не се претставници – тие се послушни вазали на власт која повторно го активира проектот за еднонационална држава, без место за другите. Не смееме да молчиме пред ова понижување. Ние смееме да дозволиме клучни придобивки да бидат избришани од тие што денес се продаваат за една фотеља, за привилегија. Ние ќе бидеме гласот на секој ученик што денес се чувствува исклучен, на секој родител што ја гледа загрозена иднината на своето дете, и на секој граѓанин што не прифаќа повеќе да биде понижуван во тишина. Ја повикуваме домашната и меѓународната јавност, верските заедници, граѓанското општество и секој човек со совест да реагира. Зашто молкот денес значи соучесништво со неправдата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик