ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Од:

Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата. Република Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграцијао.

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги информира граѓаните дека, доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.

Оваа Влада нема соодветен капацитет да управува со кризи кои се случуваат дури и на илјадници километри од земјата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи.

Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет