ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата во борбата против корупцијата и институционалната деградација во земјата, се вели во соопштението од партијата.

– Според најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“, Северна Македонија бележи пад од 12 места на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година рангирајќи се на 88. место од вкупно 180 држави со само 40 поени. Овој драстичен пад е јасен показател за губењето на јавната и на меѓународната доверба во државните институции. Како опозиција оценуваме дека оваа Влада не само што не успеа да се справи со корупцијата туку со своите постапки и ја нормализира, велат од ДУИ.

Во партиското соопштение се вели:

Алармантни се и податоците од Факултетот за безбедност, според кој секој трет граѓанин или близок член на неговото семејство имал контакт со корумпиран службеник. Овој факт повеќе не претставува само морално или административно прашање, туку, како што нагласуваат и експертите, системската корупција претставува сериозна закана за државната безбедност бидејќи ги парализира институциите и го поткопува функционирањето на демократскиот поредок.

Паралелно со овој институционален неуспех, парламентарното мнозинство го усвои Законот за контрола на индустриските емисии, кој, според организацијата „Грун хјуман ситу“, отвора пат за нови еколошки скандали. Со овој закон на индустријата ѝ се овозможува преку деловна тајна да крие од граѓаните витални информации за видот на отпадот што се согорува во фабриките. Со тоа на граѓаните им се скратува основното право да знаат дали се загрозени нивното здравје и животната средина.

ДУИ оценува дека:
• Корупцијата се продлабочува и станува норма;
• Државната безбедност и довербата на граѓаните се сериозно нарушени;
• Транспарентноста и заштитата на животната средина се жртвуваат во корист на тесни економски интереси.

Како сериозна политичка партија, бараме:
• Итна ревизија на антикорупциските политики и укинување на законите што ја штитат корупцијата;
• Политичка и институционална одговорност за падот на државата на индексот на корупција;
• Целосна транспарентност за индустриските активности што директно влијаат врз здравјето на граѓаните.

ДУИ останува посветена на заштитата на јавниот интерес, владеењето на правото и изградбата на доверливи институции во служба на граѓаните, а не на корупцијата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата