ДУИ со кампања „Се грижиме“ за помош со справувањето со коронавирусот

Од:

„Кампањата на ДУИ се претвори во движење #СеГрижиме за да помогне во соочувањето со КОВИД -19

На денешната прес конференција од седиштето на ДУИ, Бујар Османи,ја презентираше новата телефонска Платформата, со која на сите граѓани на Република Северна Македонија, ќе им се пружи поддршка за сите нивни основни потреби. Преку движењето #СеГрижиме, ДУИ ќе им пружи поддршка на сите граѓани кои според препораките на Владата, одлучиле да останат дома, во исчекување на надминување на една од најтешките пандемии во последните години.

Додека чекаме да почне кампањата за Парламентарните избори, ДУИ одлучи да стави на располагање над 10 илјади нивни активисти, кои ќе им помогнат на граѓаните од најранливата категорија и кои најмногу имаат потреба од помош. Волонтерите од движењето #СеГрижиме ќе бидат распределени во сите региони на Република Северна Македонија, за да им помогнат на старите изнемоштени лица, или на тие кои поради други причини, одлучиле да останат дома. Сега е време за солидарност и да ги оставиме на страна политичките поделби и дневните политички битки.

Телефонскиот број ставен на располагање за сите граѓани од понеделник е: 0800 55 000“, информираат од ДУИ преку соопштение.

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски