ДУИ со 15.451 амандман против Законот за бранители

Од:

Со 15.451 амандман коалициската ДУИ ќе го „напаѓа“ , Законот за бранителите, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Ахмети ги исполни ветувањата дека со сите средства ќе се бори да не се донесе законот, кој според нив е штетен и антиалбански, или пак во него да бидат загарантирани исти права и за бранителите и за припадниците на ОНА.

По молчењето и маратонското говорење ова е нова тактика за да се пресретне тактиката на ВМРО-ДПМНЕ, законот да се донесе во скратена постапка со ограничување на дискусиите.

Поднесените амандмани  треба да се разгледуваат на Комисијата за труд и социјална политика, чија седница е закажана за четврток. Дотогаш ДУИ  може да поднесе нови   амандмани.

Со законот за бранителите се регулираат правата на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, а за такви се сметаат припадници на МВР, Министерството за одбрана и резервниот состав.

ДУИ со слична тактика и со илјадници амандмани во 2008 година, поради блокада на законодавниот дом,  предизвика предвремени избори.

 

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија