ДУИ: Се потврдува сомнението на опозициската коалиција ВМРО – БЕСА

Од:

„По давање на „аргументите” на Иванов за недавање на мандатот на лидерот на СДСМ Заев со тврдењето дека „Тиранската платформа” е иницирана од албанскиот премиер, Рама. По провокациите и напуштањето на Парламентот на 27 април неколку моменти пред да се случи инцидентот, кога беа нападнати пратениците од страна на членови и симпатизери на ВМРО. По негласањето на првиот албански претседател на Собранието на Република Македонија г.Талат Џафери и неподдржување на парламентарниот процес на Законот за употреба на албанскиот јазик, сега институтот на ВМРО се труди да и помогне на Движењето БЕСА во пресрет на изборите.

Спротивно на сите спроведени резултати од истражувањето од Американски институти, меѓународно реномирани како што се ИРИ и НДИ, кои покажуваат голем раст на Демократската Унија за Интеграција пред другите албански политички партии особено пред Движењето БЕСА, пред неколку дена со обид за следната манипулација во јавноста се појави еден Институт, на јавноста познат како близок на опозициската ВМРО, наречен Димитрие Чуповски.

Овој Институт се обидува да ја убеди јавноста дека има спроведено истражување и дека најгласани партии во Македонија биле ВМРО и БЕСА. Нема потреба да ја потсетуваме јавноста дека овој „Институт” секогаш се појавува во пресрет на изборите со силна поддршка кон ВМРО, овој пат и кон БЕСА, и дека резултатите се далеку од реалноста. Но, во оваа ситуација се приметува и поддршката која овој Институт му ја дава на Движењето БЕСА, која наликува како враќање на „долгот” помеѓу партнерите или поточно нивна заедничка изборна стратегија.

Очигледно, од Движењето БЕСА ќе мора да одговорат на јавното барање на потпретседателот на СДСМ, кој побара БЕСА јавно да се изјасни дали има договор со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите