ДУИ обвинува за дискриминација во спортот: Албанците практично ги нема во МОК

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока индигнација и силно противење на новиот состав на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, каде што Албанците се речиси целосно исклучени од раководните и одлучувачките структури, се вели во соопштението од ДУИ кое го пренесуваме интегрално.

Од вкупно 117 членови, само четворица се Албанци, шокантен показател за дискриминаторски пристап што е неприфатлив за една мултиетничка и европска држава. Уште поалармантна е целосната отсутност на Албанците во клучните органи:
• Управен одбор: 0 Албанци од 11 членови.

• Олимписки совет: 0 Албанци од 11 членови.
• Спортски арбитражен суд (САС): 0 Албанци.
• Комисија за етика: 0 Албанци.
• Комисија на спортисти: само 1 Албанец од 6 членови.
• Комисија за маркетинг: само 1 Албанец од 6 членови.
• Спортска дирекција: само 1 Албанец од 5 членови.
• Собрание на ОКСМ: само 1 Албанец од 25 членови со право на глас.

Во поголемиот дел од останатите комисии: правна, дисциплинска, родова застапеност, параолимписки игри, наука и спорт, антидопинг, финансии, е-спорт, надзорен одбор и комитет за дијаспора, застапеноста на Албанците е нула.

Ова не е само пропуст, туку јасна слика на исклучувачки менталитет што е спротивен на духот на Охридскиот договор, на принципите на еднаквост и на стандардите на демократските држави. Спортот треба да обединува, а не да разделува; да гради мостови, а не етнички бариери.

ДУИ бара итно преиспитување на овој состав и обезбедување на пропорционална застапеност на Албанците на сите нивоа на Олимпискиот комитет. Секоја одложување или избегнување претставува удар врз еднаквите права и опасен чекор наназад за меѓуетничката стабилност во земјата.

ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста и духот на Охридскиот договор, во секоја институција и во секоја област на животот – вклучувајќи го и спортот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски