ДУИ нема да ги гласа министрите на ВМРО-ДПМНЕ зошто тие не сакаат Џафери да биде премиер

Од:

Пратениците на ДУИ нема да гласаат за техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ зошто опозицискиот лидер Христијан Мицкоски претходно кажа дека Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер и во интерес на добрата атмосфера и демократскиот процес, партијата би се воздржала од гласање, потврдуваат извори од ДУИ.

Денеска пак, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за техничката влада предводена од Џафери, тогаш местата кои и следуваат на опозицијата треба да останат празни додека партијата не се премисли и гласа за таа влада.

Тој го повика идниот мандатар Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места ќе останат празни, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат нивните министри.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?