ДУИ: Не е време за избори

Од:

Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција на денешната седница ги разгледуваше актуелните состојби настанати по одржувањето на консултативниот референдум за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа и ги донесе следниве заклучоци, соопшти ДУИ.

На референдумот излегоа преку 650 илјади граѓани, од кои над 90%, или 610 илјади граѓани се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа.

„Потпишаниот и ратификуваниот Договор претставува меѓународна обврска на државата, и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сѐ од САД, Европската Унија, земјите – членки на Унијата инт., во кои јасно и недвосмислено се повикува Парламентот на Република Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, соопштуваат од ДУИ

Имајќи ги предвид овие заклучоци, Централното Претседателство на ДУИ одлучи дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот од Преспа во Парламентот, упатувајќи повик до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот.

ДУИ смета дека во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, со кои ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО и Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански