ДУИ: Нашиот глас ќе се слушне, Охридскиот договор нема да се погази

Од:

ДУИ со длабока загриженост и отворено негодување ја осудува сè поотворената политичка улога на Уставниот суд на Северна Македонија, кој не само што ја напушти својата мисија како независна институција, туку се претвори во инструмент на власта за рушење на темелите на меѓуетничката еднаквост и на Охридскиот мировен договор.

„Јавните изјави на Претседателот на овој суд, кои ги минимизираат меѓуетничките проблеми и ги прикажуваат како алатка за политички цели, не се само неодговорни, туку и длабоко опасни. Тие имаат за цел да го одвратат вниманието од системската дискриминација која сè уште постои и да ја прикријат институционалното потфрлување во сите области, од ЕУ до заробена држава.

Уставниот суд веќе не се крие зад неутралноста – тој делува како параполитички продолжеток на актуелната власт. Најавата дека одлуката за Законот за употреба на јазиците ќе биде донесена по изборите не е случајна, туку дел од добро осмислен план за привремено одржување на нивниот политички проект кај Албанците преку квази претставници без легитимитет, за потоа да се нападнат сите постигнувања стекнати преку Охридскиот договор.

Гласовите кои со месеци предупредуваа за тајна спогодба меѓу Владата и Судот за укинување на законот по изборите, сега добиваат облик на свршен чин. Овие случувања откриваат една горчлива вистина: еднаквоста и соживотот се ставени на нишан од самите институции кои треба да ги штитат.

Претстојните избори повеќе не се само политички избори – тие се референдум за албанскиот јазик, за граѓанската еднаквост и за насоката во која ќе се движи нашата држава. Ќе биде ли ова држава на сите граѓани, или маскиран режим што ја користи правдата за да го задуши идентитетот и правата на Албанците? Не смее да се дозволи ниту една институција да ги злоупотреби механизмите на државата за да ја врати неправдата од минатото. Охридскиот договор не е само мировен документ, туку и државотворен договор. Нашиот глас ќе се слушне. Еднаквоста не се преговара. Охридскиот договор нема да се погази, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски