ДУИ: Министерството за економија е неспособно да се справи со економската криза

Од:

Министерството за економија, неспособно да се справи со економската криза и неоснованото зголемување на цените на основните продукти, сега ги повикува граѓаните сами да ги решаваат проблемите што Владата не знае и не може да ги реши! Ова е врвот на апсурдот и најголемата иронија на една неспособна власт, која веќе јавно го признава својот неуспех, велат од ДУИ.

„Наместо да преземе конкретни мерки за спречување на инфлацијата, сузбивање на шпекулациите и заштита на животниот стандард на граѓаните, министерот за економија се крие зад празна пропаганда и ја префрла одговорноста врз граѓаните. Оваа влада веќе нема ниту легитимитет, ниту капацитет да управува со државата. Демократската унија за интеграција бара итна оставка на министерот за економија и преземање на итни мерки за запирање на неоснованото зголемување на цените.
Наместо Владата да игра театар со граѓаните, нека ја преземе одговорноста што ѝ припаѓа, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции