ДУИ: Масовните тестирања овозможуваат враќање во нормала

Од:

Преставникот на Демократската Унија за Интеграција, Хекуран Дука и градоначалник на Општина Дебар денеска одржа прес конференција.

„Како што знаете, Дебар беше општина која мораше да јаводи најтешката битка против КОВИД-19. Ние искусивме како е да си изолиран не само дома, туку и од остатокот на земјата. Но, со одговорно управување, со строго следење на препораките и ограничувањата и со помош на нашите медицински сестри, нашите лекари, невладини организации и на многу други лица кои бе ангажирани за обезбедување и снабдување со храна, лекови и други потребни производи, ја добивме оваа битка.Од 13 април, во Дебар нема веќе Корона, немаме ниту еден позитивен случај во нашата општина. Какоградоначалник сум горд и благодарен на сите што нè поддржуваа, а исто така и на нашите граѓани, кои мораа да бидат многу издржливи и покажаа многу трпеливост и одговорност.

Дисциплината, одговорноста и истрајноста се причините на нашиот успех во борбата против короната, но исто така и особено масовното и стратешкото тестирање. Како што рече вчера Али Ахмети, ние сме во војна против невидлив непријател. Дозволете ми да додадам, дека тестирањето е единствениот начин да се претвори овој непријател во видлив и успешно да се бориме против него.

Да, успешно го истераме вирусот од Дебар и од целата земја, и се чини дека го надминавме пикот. Сега е време да најдеме начин да се вратиме во нормалност. Сега сите зборуваат за укинување на ограничувањата, за повторното започнување на економијата и нашите социјални животи.

Кафулињата, баровите, рестораните и трговските центри ќе бидат повторно отворени наскоро, чекор по чекор се враќаме на нашата социјална рутина. Сето ова е важно и неопходно и јас како и секој граѓанин во оваа земја, сум многу среќен за тоа.

Но, исто така, сакам да истакнам многу јасно и експлицитно, дека не е време за еуфорија, не е време за брзање. Кризата и опасноста сè уште не се завршени. СОВИД-19 е сè уште тука. Затоа, треба да бидеме внимателни и одговорни – мора да ги следиме хигиенските препораки, треба да го задржиме социјалното дистанцирање до разумно ниво и ќе мора да измислиме нови, помеки мерки за замена на силните ограничувањата.

Но, најважната мерка е професионално и стратешко следење. Досега имаме направено 19739 тестови во Северна Македонија, со 1694 позитивни случаи. Дури и ако бројот на тестови во земјава се зголеми во текот на последните денови, тоа е поради тоа што ДУИ инсистира на оваа барање во Владата, и треба да продолжи со зголемување на бројот на тестови уште повеќе и веднаш. Ние треба да бидеме на врвот во регионот и меѓу најдобрите во Европа. Како идна членка на ЕУ, веќе мора да се однесуваме како земја-членка на ЕУ, или и подобро. Ова значи дека ние мора да го зголемиме барем трипати бројот на тестови по глава на жител и на неделно ниво. Како прв чекор, потребни се најмалку 500 тестови на ден, а потоа многу брзо да се достигне бројката од 750 тестови на ден.

Ако сакаме да се вратиме во нормалноста и да избегнеме друг бран, треба да бидеме сигурни дека секој што развива симптоми доаѓа веднаш на тестирање. За вирусот има многу да се каже, но едно е познато и докажано ширум светот, зголемувањето на бројот на тестови е најефикасниот начин за изолирање на пациентите и спречување на проширувањето.

Исто така, треба да имаме сериозна стратегија за тестирање, по успешните модели од европските земји. Тоа значи, дека не треба да ги тестираме само граѓаните со симптоми и лицата кои биле во контакт со заразените лица за да ги изолираме навреме и така да ги заштитиме останатите.

Целното тестирање, како што соопшти Министерството за здравство, е прв важен чекор. Но, исто така, треба редовно да тестираме репрезентативен примерок од населението, за да добиеме јасна слика за развојот на состојбата. И, ни требаат периодични примероци од фабриките и другите места, каде што многу луѓе работат заедно. Зголемување на тестовите базирајќи се сериозна стратегија – е клучно во борбата против вирусот, но и за укинувањето на ограничувањата и враќањето во нормалност што е можно поскоро. Професионалното следење треба да се комбинира со хигиенски мерки и само-одговорност за да се спречи ново проширување по укинувањето на ограничувањата. Тоа е единствениот начин да ги заштитиме нашите граѓани и економијата. Никој не би имал корист од укинување на ограничувањата, доколку дојде до друго избувнување и ќе мораме повторно да затвориме сè. Затоа, масовното тестирање е единствениот начин за скоро враќање во секојдневната животна рутина. Тестирање, тестирање, тестирање – ова е тоа што е потребно за да ги олесниме ограничувањата што е можно поскоро, и да се вратиме во нормала без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани“, пишува во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Не помина иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

ВРЕДИ: Коцевски е предлог на Груби и на Лога

Мицкоски неосновано апси Албанци како параван за неуспесите на владата, обвинува ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Албанскиот народ во земјава е под напад од институциите

А1он