ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф

Од:

Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година беше најголемиот и најзначајниот меѓународен настан организиран досега во Северна Македонија – настан кој собра министри за надворешни работи и делегации од целиот ОБСЕ простор, ставајќи ја нашата земја во центарот на светската дипломатија цели три дена, се наведува во соопштението од Демократската унија за интеграција.

„Настанот беше пофален од сите партнери и меѓународни институции, опишан како совршено организиран и момент што ги направи горди сите граѓани. Сите надлежни државни институции – вклучувајќи ги и тие за надзор ја потврдија неговата законитост, транспарентност и примерна реализација. Обидите на ВЛЕН да клеветат не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист. Ниту еден извештај не утврдил незаконитост. Ниту една постапка не е прекршена. Ниту еден договор не е нелегален. Вистината е едноставна:

• Северна Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф.
• Овој успех им припаѓа на граѓаните, на институциите и на секој што работеше со посветеност за да го прикаже најдоброто од нашата земја.

Разбираме дека за оние кои никогаш немаат организирано ништо со меѓународна вредност е полесно да шират клевети отколку да ја прифатат реалноста.
Но фактите остануваат факти – и ниеден политички шум не може да избрише една национална приказна за успех.

Кампањата на клевети на ВЛЕН не е напад само врз една личност – тоа е навреда за секој службеник, волонтер и граѓанин кој придонесе Министерскиот состанок на ОБСЕ да биде извор на гордост за Северна Македонија, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Влен: „Безбеден град“ ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски