ДУИ: Корупцијата во Министерството за животна средина се продлабочува

Од:

Повторно го осудуваме тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет, велат од ДУИ.

– Но, прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал? Доверливи извори од Министерството за животна средина потврдуваат дека шефот на кабинетот на Меџити бил клучна фигура во шемата на уцени и мито, вршејќи притисок врз компании и граѓани за секоја административна услуга. Од лиценци и еколошки дозволи до обични бирократски постапки, ништо не поминувало без негово одобрение и без коруптивните шеми водени од кабинетот на Меџити. Истите овие луѓе биле вклучени во слични корупциски шеми и во Општина Чаир, претворајќи ја во урбанистички кошмар за граѓаните. ДУИ бара истражните органи да ги прошират истрагите не само против Меџити, туку и против клучните личности во неговиот кабинет, вклучително и шефот на неговиот кабинет, кој со месеци води добро организиран систем на уцени и корупција во Министерството за животна средина. Оваа Влада секојдневно тоне во скандали, докажувајќи ја својата неспособност и отворена корупција. ДУИ ќе продолжи да ги разобличува сите случаи на злоупотреба на власта и да бара одговорност од сите што ја изневеруваат довербата на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ