ДУИ ќе учествува на локалните избори со 18 кандидати за градоначалници и 35 листи на советници

Од:

Со 18 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници од три заеднички листи со други партии на Албанците во Македонија, во Охрид, Битола и Гази баба ДУИ ќе учествува на претстојните локални избори закажани за 15 октомври. Ова го посочи шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Фатмир Бесими по денешната средба на членовите на неговиот штаб со кандидатите за градоначалници и носителите на листите што се одржа во партиското седиште во тетовска Мала Речица.

– ДУИ на изборите на 15 октомври ќе се натпреварува со 18 кандидати за градоначалници – и тоа – во општините Липково, Арачиново, Чаир, Шуто Оризари, Студеничани, Сарај, Желино, Теарце, Јегуновце, Тетово, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Дебар, Кичево, Пласница, Долнени и општина Струга. Во Брвеница го поддржуваме независниот кандидат. На овие избори учествуваме со 729 кандидати за општински советници. Листите се одраз на волјата на граѓаните по општините и резултат на опширни консултации со партиските ограноци. Кандидатите поседуваат личен и професионален кредибилитет и јасна визија за иднината на општините, изјави Бесими.

Според Бесими, на денешната прва средба во овој состав било разговарано за добро организирање на изборите, во смисла тие да бидат слободни, чесни, доверливи и демократски и во согласност со меѓународните стандарди.

Посебно внимание беше посветено на нашата понуда за овие избори, бидејќи цениме дека локалните избори на 15 октмври се од исклучителна важност граѓаните директно ги избираат своите претставници за локалната власт со цел тие да обезбедат решенија за нивните барања и прашања од нивниот секојдневен живот. Длабоко сме убедени дека на овие избори учествуваме со кандидати – личности кои поседуваат знаење и храброст да се соочат со предизвиците и одговорностите што ги чекаат бидејќи сме свесни дека при секојдневната работа одговорноста и отчетноста мора да бидат наши главни одлики рече Бесими.

По завршувањето на средбата на новинарски прашања одговараше портпаролот на изборниот штаб на ДУИ Арбр Адеми и кој на прашањето за можна коалиција со партиите од македонскиот политички блок изјави: – ДУИ како и досега околу можната коалиција ќе го задржои принципелниот став за коалициска поддршка како што го прави тоа од своето формирање во 2002 година. Секако секоја одлука за меѓусебна поддршка мора да ја помине партиската процедура.

И околу имињата на можни заменици на актуелните министри кои ќе учествуваат на претстојните локални избори Адеми посочи дека за тоа ќе се решава во телата и органите на ДУИ по што и јавноста ќе ги дознае овие одлуки.

Би можело да ве интересира

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски

Адеми: Нам ни припаѓа легитимитетот кај немнозинските заедници

Претседателството на ДУИ почна состаноци за позиционирање по изборите