ДУИ: Касами незаконски дели книги од големиот автор Исмаил Кадаре

Од:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и големо негодување поради најновиот скандал што го оптоварува актуелниот градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами.

„Како што објави реномираниот албански издавач, г-дин Бујар Худри од издавачката куќа „Онуфри“ во Тетово, книгите од големиот автор на албанската литература, Исмаил Кадаре, се дистрибуирани и продавани без авторски права, што е неприфатлив и осудлив чин и морално и правно.

Иронично, истиот г-дин Касами, кој јавно го прогласи Исмаил Кадаре за „почесен граѓанин“ на Тетово, сега е вмешан во скандал каде што личностата на Кадаре е искористена за политичка и материјална добивка преку нелегална дистрибуција на неговите дела.

Штетата е тројна:

1.Непочитување на авторските права, што сериозно ги нарушува моралот и законот.
2. Измама врз граѓаните на Тетово, на кои им се нудат книги без правна вредност и со сомнително потекло.
3. Навреда на ликот на Исмаил Кадаре, национален симбол на албанската култура, искористена за недостоинствена политичка пропаганда.

ДУИ бара надлежните институции веднаш да интервенираат и да го истражуват овој случај, додека јавното мислење заслужува целосна транспарентност и конкретна одговорност од градоначалникот Касами и Општина Тетово. Културата и личностите како Кадаре не можат да се користат како стока за политичка манипулација и нема да дозволиме името на Тетово да се оцрнува на овој начин. Гласот на законот, културата и одговорноста мора да преовлада“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет