ДУИ: Како автори и спроведувачи на Охридскиот договор, нема да дозволиме негова ревизија

Од:

По повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, Демократската унија за интеграција ја потсетува и нагласува историската одлука кога Албанците и Македонците решија да му стават крај на воениот конфликт и да изградат заедничка држава заснована врз еднаквоста, стабилноста и евроатлантската интеграција. Овој документ, гарантиран од САД и ЕУ, трајно ја измени насоката на нашата држава, стои во соопштението на ДУИ.

„Во текот на овие две и пол децении, со работа и посветеност беше променет Уставот, се обезбеди официјална употреба на албанскиот јазик, се афирмираа националните симболи, се изградија универзитети, училишта, болници и модерна инфраструктура. Албанците беа застапени во сите институции, достигнувајќи ја и позицијата на првиот албански премиер – ветување исполнето со дела, а не само со зборови.

ДУИ придонесе за јакнење на меѓуетничките и меѓусоседските односи, за членството во НАТО и за отворањето на преговорите за членство во Европската Унија. Од овие успеси придобивки имаше целата држава – никој не изгуби.

Како автори и спроведувачи на Охридскиот договор, нема да дозволиме негова ревизија или обиди за обезвреднување на заедничките достигнувања. Краткорочниот популизам и предизборните игри не можат да ја заменат одговорноста на државниците кои размислуваат за иднината на земјата.

Оние што немаат никаков национален придонес, а денес се претставуваат како судии на историјата, не можат да одлучуваат за жртвувањата и победите на нашиот народ. Охридскиот договор не е ничија сопственост, туку заедничко наследство и гаранција за еднаквоста на граѓаните.

Денес, повеќе од кога било, е време да останеме обединети, поврзани за нашите корени, а не за тесни интереси. Само заедно можеме да го одбраниме националното достоинство и да обезбедиме четвртина век од Охридскиот договор да нè најде горди, а не наведнати. ДУИ е секогаш во служба на еднаквоста, стабилноста и европската интеграција на земјата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски