ДУИ ја поддржува работата на Специјалното обвинителство

Од:

ДУИ ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство, изјави за Алсат- М потпретседателот на партијата Беким Незири.

„ДУИ ја поддржува работата на Специјалното обвинителство. Ја користам приликата да апелирам до Специјалното обвинителство да работи во согласност со законите во Република Македонија. Исто така апелирам до сите политички партии во Македонија без разлика дали се македонски или албански политички субјекти, да не ја искористуваат работата на Специјалното обвинителство за дневно политички настани. Ние стоиме зад секоја одлука која ќе биде донесена согласно со законите во Република Македонија на Специјалното обвинителство“, рече Беким Незири-потпретседател на ДУИ.

„Секој случај кој ќе го покрене Специјалното обвинителство, базиран врз аргументи и факти, ние ќе го поддржиме“, додаде Незири, прашан за ставот за евентуалното процесуирање на случајот Маѓар Телеком.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски