ДУИ: Изградивме градинки, училишта, универзитети, сали и студентски домови

Од:

Демократската унија за интеграција им го честита првиот ден од новата учебна година на учениците, родителите и наставниците. Ги поддржуваме сите наставници во напорите да ги постигнат образовните цели, но и да добијат правилно вреднување за нивниот интелектуален придонес, велат од ДУИ.

„Изградивме училишта во Визбегово, Блаце, мала Речица, се гради во Селце, како и гимназијата Сами Фрашери во Куманово, реновиравме многу училишта во сите населени места, ги решивме проблемите во Чашка и Велес, ги изградивме нашите универзитети и студентски домови во Тетово и Скопје, спортски сали, базени и градинки во нашите општини, заедно со речиси целата образовна инфраструктура на сите нивоа. Ги зголемивме платите за околу 47,5% во нашиот мандат и го поддржуваме ветеното и заслужено зголемување на платите на наставниците. Исто така, учебната година ги пречека учениците со готови отпечатени книги, без доцнење и недостиг како резултат на нашата работа оваа пролет. Затоа ви посакуваме добра година со полно здравје, успех за учениците, гордост за родителите и исполнетост за наставниците“, велат од партијата

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ