Груевски верувам дека ќе сака да бидат распишани избори на 28-ми октомври или недела подоцна, СДСМ ќе ги бојкотира.
Иако веројатно ќе прават некакви симулации дека треба да пробаат да одoлговлекуваат со дебати во Парламентот и неприсуство на седниците па и со некои други финти тоа е многу лоша варијанта за нив, и со тоа да ќе ја покажат нивната слабост.
ВМРО ДПМНЕ токму тоа од нив и го очекува, а посебно со тоа ќе ги изнервираат неопределените.
Многу е лоша сликата за немоќ, таа ќе им донеси многу негативни поени.
Едноставно тие треба да излезат и да кажат дека ги бојкотираат изборите.Ништо друго. Да бидат сериозни со тоа, без никакво договарање.
Доколку одат на избори, во вакви услови, без прочистен список, препораките на ОБСЕ, тогаш ќе ги изгубат изборите и не само овие туку и локалните.
Неопределените гласачи после пораз на централно ниво несе опортунисти и гласаат на локални за тој што ќе победи на парламентарните.
Со ваков развој на настаните СДСМ ќе биде во опасно критична ситуација и после избори партијата ќе влезе во хаос од кој нема лесен излезпомалку брз излез.
Би им препорачал да бидат брутални. Да ги бојкотираат изборите и да го остават Ахмети на бродот Титаник.
Доколку и Ахмети прифати избори, би им препорачал место да потоне СДСМ и Македонија, СДСМ да му порача на Ахмети без емоции:„Прави избори сам со ДПМНЕ ќе се видиме и ќе се преброиш следните избори ,ако остане нешто од ДУИ“ .
Ова особено поради катастрофалната економска и политичка ситуација (внатрешно и надворешно).
Друга игра на СДСМ е лузерска.
Веќе Црвенковски ќе нема што да прави , набрзо ќе закључи дека е пред свршен чин.
Мислам дека ќе ги бојкотира изборите без око да му трепне. Се разбира дека и Ахмети иако прави симулации и анализи, малку поспоро ќе дојде до истиот закључок.
Ако се обиде да прави широка влада се разбира дека ќе ја има пресудната улога за тоа кој ќе биде следниот премиер и мислам дека ќе изнајде баланс.
Но се зависи сепак од Црвенковски. Црвенковски е на потег , дали ДУИ ќе остане на политичката сцена или за најмногу една година ќе исчезне.
Некакви високи функционери околу Ахмети сигурно мислат поинаку и тргнуваат од сопственото его. Ако,нека биде веќе еднаш ДУИ нивни заложник па ќе видиме до каде ќе стасаат.
Груевски изигра одличен гамбит. Паѓа со рејтинг, а се труди да го реши спорот со Грција. Нема што да чека. Крахот на економијата доаѓа во 2013 . На гладен народ да им разбудуваш емоции е исто како на лавот да му се закануваш со диригентска палка.
Одлична есен и возбудлива пролет.
Би сакал на сцена да ја видам државотворноста на СДСМ кои морам да ги предупредам –Доколку Груевски победи уште еднаш на парламентарни избори од Македонија со ова економско темпо (негативно) ќе се иселат до 2016 барем 200.000 граѓани.И не само со бугарски туку и со шпански пасоши.
Излезе дека цела опозиција ќе се исели со бугарски пасош ,без пардон.
Им фалат многу анализи и симулации, најдобро е да ги направат сега, денес и да бидат сериозни без емоции и лежерност на пратениците, пред се реални.
Даме Чкатроски – уредник на World security for Balkan and Macedonia