ДУИ ги осудува лажните вести за време на пандемијата

Од:

Демократската Унија за Интеграција јавното здравје го третира со најголема сериозност и грижа и смета дека напорите за заштита на јавното здравје не треба да се изолираат од другите општествени процеси каде сите сме учесници и сносиме одговорност, се вели во ссопштението на ДУИ.

„Во ова време на пандемија кога ни се потребни информации кои се научно потврдени, граѓаните се експонирани кон една бескрупулозна кампања на лажни вести и пропаганда, начелно во платформите на социјалните мрежи и електронските медиуми. Приливот на дезинформации, лажните вести и пропагандата резултираа со медиумска инфодемија и контролирање на јавниот дискурс што ја загрозува кредибилноста на напорите за надминување на пандемијата, но и погрешно ги информира граѓаните. Им изразуваме признание на кредибилните медиуми за сериозноста и ги покануваме да ни се придружат во пријавувањето и спречувањето на инфодемијата, додека политичките партии да се воздржат од пропаганда и тенденции на политизирање на пандемијата“, соопштуваат од партијата.

Според нив граѓаните треба да внимаваат на изворот на информацијата и да ја проверат со институционални извори секоја сомнителна информација во врска со нивното здравје и рестриктивните заштитни мерки.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски